Мода вестиМоден мозаик

“Milano Moda Donna”

Годинава, од 22 до 28 февруари, во рамките на “Milano Moda Donna”, Милано е домаќин на повеќе од 170 настани на модните писти, специјални евенти, презентации, прегледи и придружни настани.

Рефлекторите повторно го осветлуваат најдоброто од италијанските и меѓународните нови трендови по повод есенско/зимското издание на женската модна недела во Милано ( позната како “Milano Moda Donna”). Различни локации во градот претставуваат позадина на прегледите на новите трендови во колекциите подготвени за носење и на модните додатоци, за есен/зима 2022/2023 година.


Со “Milano Moda Donna”- миланската модна недела – и Милано, заедно со Париз, Њујорк и Лондон ја потврдуваат својата улога како еден од главните градови на модата.
Модните ревии на Giorgio Armani, Prada, Gucci , како и календарот на настаните можат да се проследат преку сајтот www.cameramoda.it.

 

You may also like

Comments are closed.