Од објавувањето на темата на Met Gala 2022, поканетите се обидуваа да го откријат и доловат нејзиното значење. За некои, фразата потсетува Њујорк на Edith Wharton, додека други сметаа дека потсетува на уличната мода од раните 2000-ти.

Како и секогаш, црвениот тепих беше исполнет со долги фустани, скапоцен накит и екстроверти кои сакаа да остават свој белег во вечерта. Огромниот број на погледи што привлекуваат внимание значеше дека прекршувањето на нормата е единствениот начин за истакнување. Сепак одржливоста го зазеде централното место на настанот, при што повеќе познати личности одлучија да носат винтиџ.

Повторното разгледување на овие изгледи покажа колку е напредна работата на дизајнерите како Lacroix и Ghesquière, иако најголемиот архивски поен и припадна на Kim Kardashian која се појави во креацијата на Jean Louis, што Marilyn Monroe ја носела во далечната 1962 година, на еден сосема посебен настан.
Во тој фустан имено, Marilyn Monroe му ја има испеано роденденска серенада на John F. Kennedy.

На сајтот на Vogue беа преставени изгледите на годинешниот моден настан, со можност посетителите да гласаат за оние што оставиле особен впечаток. Според добиените гласови оние највпечатливи на црвениот тепих на Met Gala во 2022 година се повторно поставени, како и снимката од целиот настан./М.М.

You may also like

Comments are closed.