Во настојување да поттикне оптимистички и ведар дух кај своите купувачи McDonald’s  ги редизајнира пакувањата на целата палета производи, во соработка со креативната агенција Pearlfisher.

Секое од редизајнираните пакувања, соодветствува на производот за кој е наменет: пакувањата на Egg McMuffin имаат нацртана жолчка, а Fillet-O-Fish е со бранови на пакувањето. Редизајнот, освен поголема функционалност, овозможува полесно распознавање на нарачките на потрошувачите и на вработените на McDonald’s.

Според одговорните на McDonald’s, акцентот со редизајнот бил да се модернизира брендот, да се истакне едноставната посебност на менито, како и посветеноста кон квалитетот. /M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.