Иако безмалу ништо не е исто овој февруари со времето пред пандемијата, сепак, доаѓањето на нови модни трендови како да останува извесна константа на модните писти, односно на видео презентациите на новите колекции. Речиси и да нема присутни на модните ревии, а многу презентации се снимени долго пред да ги закачат официјалните календари. Сепак, претставените колекции на модните ндели овој февруари се полни со парчиња за кои посакуваме побргу да дојде есен ’21.

Според некои дизајнери, есенскиот моден пејзаж ќе остане цврст во потрагата по удобност, поради што изгледаат како да се еквивалентни на прегратка. На другиот крај на спектарот, дизајнерите гледаат напред, во време кога имаме причина повторно да се облекуваме за вечерни излегувања, приеми или пригодни настани. Гламурозниот изглед, почнувајќи од мини фустани или хеланките од пред три или четири децении, во живописни нијанси и смели принтови, повторно се појавија на модните писти.

Гламурозни 80 и весели 90-ти: Иако на многумина не им се допаѓа дизајнот инспириран од изминатите децении – останува фактот дека се присутни во бројни колекции. Свежите идеи инспирирани од минатото, како мини здолништата комбинирани со долги мантили, или хеланките во комбинација со плетени џемпери, сепак се тренд, а не носталгија по естетиката на едно време. Знаејќи дека едвај чекаме повторно да се облечеме за вечерни излагања, токму вакво видување понудија повеќе дизајнери меѓу кои се и Alice + Olivia и Prabal Gurung.

Пуфери: Последнава година ни недостасуваа прегратки. За жал, времето на дистанца не е поминато – затоа се појавија пуферите. Да ве стоплат во студен ден, да ве гушнат во прегратка, со стил и удобност.

Ракотворби: дизајнерите на пистите изнесоа и ракотворби – и не само во форма на машна (иако ги има многу), туку и детали – од кристал, везени елементи, дури и со драги и полудраги камења. Се појавија на пистите овој февруари, по времето на изолација и заклучување, за време на модниот месец, каде што Claudia Li им додаде и цели лакови од драги камења.

Комплети за средби – Комплетите за средби прераснаа во потпора на модата во карантин – и тие стануваат сè повеќе стилски. Лесни за облекување, комбинирање, едноставно се без напор шик и  прават чест избор за дизајнерите кои се обидуваат да предвидат како ќе изгледаат нашите облеки за шест месеци. Очекувајте трикотажа, како кај Victor Glemaud, руно (Staud ) и кожа, кај Ganni. Одберете го она во кое ќе се чуствувате и удобно и свечено, како во трендовите на дизајнерите во овој моден февруари./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.