![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/XS2sDagzhpqVrYSvQxucNe-1200-80.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Во настојување да поттикне оптимистички и ведар дух кај своите купувачи McDonald’s ги редизајнира пакувањата на целата палета производи, во соработка со креативната агенција Pearlfisher.
Секое од редизајнираните пакувања, соодветствува на производот за кој е наменет: пакувањата на Egg McMuffin имаат нацртана жолчка, а Fillet-O-Fish е со бранови на пакувањето. Редизајнот, освен поголема функционалност, овозможува полесно распознавање на нарачките на потрошувачите и на вработените на McDonald’s.
Според одговорните на McDonald’s, акцентот со редизајнот бил да се модернизира брендот, да се истакне едноставната посебност на менито, како и посветеноста кон квалитетот. /M.M.