Групацијата LVMH објави повик и покана до сите заинтересирани стартапи до 4 март годинава да се пријават и со свои идеи и предлози да аплицираат за LVMH Innovation Award, за да станат соработници на нивната поддршка на модните куќи кои се во состав на групацијата.

Од 2016 година, Viva Technology, или VivaTech, е годишен настан организиран од Paris Expo Porte de Versailles, посветен на технолошките иновации и стартапи. Наградата за иновации LVMH, создадена во 2017 година како дел од VivaTech, е дизајнирана да покани стартапи од целиот свет да ги достават своите решенија за да го забрзаат деловното искуство на модните куќи на Групацијата.
Оваа година, апликациите се отворени до 4 март 2022 година, а финалистите ќе имаат можност да бидат присутни во LVMH Lab во текот на саемот VivaTech, од 15 до 18 јуни 2022 година.

Групацијата LVMH со своите 75 модни куќи континуирано поттикнува иновации, креативност и извонредност. Од 2017 година, е востановена и LVMH Innovation Award со што во центарот на вниманието се ставаат глобалните стартапи, како потенцијално силни снабдувачи на решенија за подобрување на искуствата на клиентите.
Овој предизвик се етаблира како уникатна програма за забрзување за стартап екосистемот, преку градење успешни соработки помеѓу LVMH и секоја стартап компанија која сака да истражува нови деловни модели и технологии. /М.М.

Апликацијата е достапна на следниов линк https://challenges.vivatechnology.com/en/challenges/lvmh.

You may also like

Comments are closed.