Октомвриското издание на LA Fashion Week започна во боите на Јамајка. Maxwell Osborne, основачот на AnOnlyChild, ја претстави својата колекција, наменета за идната пролет, насловена како „Станува доцна – The B Sides“
Огромните екрани на влезот во бојите на AnOnlyChild и моделите који открија шарена, нежна и наместа софистицирана облека, беа инспирирани токму од јамајканските корени на Maxwell Osborne.

Во претставеното, како надополнување на колекцијата видена во Њујорк, доминираа лелеави блузи, волуменозни фустани, кошули со широки V-деколтеа, плисирани панталони, секогаш усогласени со шал, секогаш во смела боја.

Од настаните што го привлекоа вниманието во деновите на Модната недела е и колекцијата на Delta Airlines, создадена со ангажман на актерката Issa Rae. Модната ревија, одржана во хангарот во Advanced Airlines, покажа стилска колекција, соодветна за удобно, но стилско летање.


Според веб-страницата на Delta, се работи за проект во кој авиокомпанијата соработуваше со Issa за да се направи колекција на модели од шест сопственици на мали бизниси и модни дизајнери.
Представената облека е создадена со цел да го направи летачкото искуство „едноставно и постилско“. За посетителите да се чувствуваат како да треба да тргнат на сопствено патување, шоуто на пистата е одржано во аеродромски хангар. https://deltarunwayrunwaycollection.comНа годинешното издание на Los Angeles Fashion Week, што се одржуваше од шести до деветти октомври, една третина од учесниците беа колекцији на дизајнери од Лос Ангелес.

Како своевидно надополнување на модната недела, со големо внимание се очекува ревијата на Ralph Lauren, најавена за 13 октомври./М.М.

You may also like

Comments are closed.