Околностите и условите ги менуваат навиките – кризата така може да е причина и повод годинава во Ноќта на ветерките костимите да бидат заменети само со креативна шминка!

Како што се доближува Ноќта на вештерките, се зголемува и интересот за избор на соодветен изглед. Барањето за костим што е креативен или координиран со облеката на пријателите, може да биде фрустрирачки и да услови непотребни нервози.

Зошто тогаш за Ноќта на вештерките да не се одбере изглед во кој косата и шминката се главна карактеристика? Магазинот L’officiel од социјалните мрежи и испробаните козметички маски одбра неколку изгледи за Ноќта на вештерките што би можеле да ги инспирираат сите кои се решени или сакаат да пробаат креативна шминка.

Има толку многу креации што можат да се направат со шминката: живописните боји и невообичаените дизајни можат да направат чуда и – да создадат магични изгледи за Ноќта на вештерките./М.М.

More in:Шминка

You may also like

Comments are closed.