Kilian Love

Love Don’t Be Shy Extreme е новиот парфем на Kilian за жени, создаден на почетокот на 2021 година. како интензивирана интерпретација со нагласен цветен аспект во однос на својот претходник – Love by Kilian, со поднаслов Don’t be shy

Парфемот Love by Kilian, со поднаслов Don’t be shy, беше лансиран во 2007 година, како гурмански ориентал, под чие што творештво беа потпишани Kilian Hennessy и парфимерката Calice Becker. Истиот тим е задолжен и за неговата нова верзија, на Love Don’t Be Shy Extreme, создадена на почетокот на 2021 година, како интензивирана интерпретација, како нагласен ледено кристален, чист, цветен аспект на оригиналот.

Kilian Love

Според зборовите на основачот на куќата, Kilian Hennessy, „култниот“ Love by Kilian, Don’t be shy, своевидното гурманско задоволство, резервирано за возрасни е подигнато до својот екстрем во новото издание, што е и потенцирано во поднасловот .

Новата ароматична варијанта на Love, don’t be Shy Extreme, се отвара со чиста мирисна интерпретација на сончевата светлина отелотворена во есенцијата на бергамот, цветовите на северноафрикански портокал и розата. Силните сензуални ноти доаѓаат од амберот, ванилата и мирисот на бел слез кој дава посебен гурмански акорд.

Бело-златното шише на парфемот од семејството на цветни наркотици е украсено со препознатлив бел лак и златна метална плочка, на кој е врежано името на парфемот. Обликот останува верен на стилот на Kilian Paris: елегантен, урбан, со подтонови на арт деко дизајн.

Мирисот е слатко-цветен. Проекцијата и долготрајноста се над просекот./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.