Модните уредници и инфлуенсери претпоставуваа дека дигиталните аватари ќе ги заземат нивните седишта во првиот ред на ревијата на Jonathan Simkhai за есен/зима 2022 година, која беше претставена во виртуелниот свет на Second Life, за време на New York Fashion Week. 

На ревијата се прикажани десет изгледи од најновата физичка колекција, кои беа направени и за виртуелно носење од модели – виртуелни аватари, на модната ревија на Second Life.
Дента по виртуелниот настан, Simkhai им ја претстави целосно- физичката ready-to-wear колекција на новинарите и купувачите, но не направи реална ревија на писта.


„Навистина сакав да го скршам мразот и да го разберам тој нов свет и да се обидам да го преставам мојот клиент на него, но и да стекнам нови клиенти“, изјави Simkhai изјавви за Vogue.
Настанот на Second Life беше организиран од Everyrealm, развивачот на „metaverse real estate“, исто така одговорен за изработка на сценографијата на презентацијата.
Наместо да ги пренесе гледачите во Second Life, направена е традиционалнз писта, опкружена со плитки базени со вода.

Интересот за виртуелна мода како да „експлодира„ за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи луѓето истражуваа начини на облекување на нивните онлајн аватари.
Така, The Fabricant, виртуелна модна куќа со седиште во Амстердам, доби многу покани за соработка. Никогаш досега не сме облекле толку многу луѓе, велат од The Fabricant , додавајќи дека дигиталната мода им дозволува на луѓето да ги глумат своите фантазии на интернет.
Според уметниците за визуелизација, зголемениот интерес за виртуелни облеки ја повторува зголемената популарност на сликите што прикажуваат фантастични пејзажи кои „нудат шанса да се чудите и да избегате“. Виртуелната мода ќе им понуди на луѓето начини да бидат поизразени.
„Во дигиталниот свет, можеме целосно да се откачиме: на пример да носиме фустан од вода или да ја менуваме бојата на текстилот според расположението.


На крајот, технологијата би можела да ги направи дигиталните и физичките светови да не се разликуваат, со облека што ќе нуди оптички повратни информации, така што виртуелната реалност ќе стане слична на реалниот свет./М.М.

You may also like

Comments are closed.