Жешките панталони се најновиот од трендовите од минатото што повторно се појавуваат и се интерпретираат преку современ модерен објектив.


По ланското владеење на микро мини здолништата, беше само прашање на време кога микро шорцевите ќе се вклучат во приказната. Навестувањата за ова се евидентирани уште од модната пистата на Miu Miu, за сезоните есен/зима 2023 година.


Порастот на популарноста на жешките панталони, летово виден и кај бројни познати личности, меѓу кои и Bella Hadid, Kendall Jenner, Hailey Bieber, and Rihanna.
Така стинавме и до идниот тренд: жешките панталони се насекаде низ модните писти, во колекциите наменети за пролет/лето 2024 година. Мејнстримот од ерата на диското во 70-тите, дизајнерите сега го нудат како нов поглед на современата облека.


Жешките панталони на Khaite играат со пропорциите, спротивставени на волуменски горни делови со долги ракави; Chloé ги комбинира со реконфигурирана кожна јакна; Prada жешките панталони ги подготвува и за канцеларија, балансирајќи ја силуета со блејзери.


Жешките пантолани кај Coach се искомбинирани со кожен горен дел и проѕирен фустан, а оние на Tom Ford, со кардигани и шарени блузи.
Сето е јасна најава дека жешките панталони ќе ги има насекаде следната пролет. Модното патување низ времето ќе го зголеми и нтересот и вниманието за тоа како кому стојат и колкаво внимание привлекуваат – исто како и некогаш – пред пет децении./М.М.

You may also like

Comments are closed.