Jacquemus годинава има поинаква празнична порака во рекламата „Christmas is over, Santa’, во која настапува американската актерка Pamela Anderson.

Имено, во Jacquemus Holiday, таа е снимена како се симнува по скали , влечејќи зад себе елка, како домашен миленик. Сретнува Дедо Мраз, кој ја поздравува со „Joyeux Noël Pamela“. Тегнејќи ја неговата лажна брада, таа одговора: Божиќ заврши, Дедо Мраз“!

Кампањата беше објавена на Божиќ и е алтернатива на модните куќи кои, воглавно, ги менуваат производите, без друга порака освен понуда за продажба.
Jacquemus претпочита во честитката да доминираат хуморот и лежерноста, исто како што во таков и сличен тон се и објавите од неговиот приватен живот и од родниот Марсеј и Прованса./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.