Gucci  и The North Face 2021 година ја започнуваат со пласман на првата заедничка колекција на планинарска опрема на The North Face, но овој пат со бои и дезени во стилот на Gucci.

Уште пред пандемијата, соработката меѓу куќите започна преку максималистичките дизајни на Гучи на добро познатите зимски јакни на North Face. Тајмингот за лансирање на ваков моден предлог беше целосно погоден поради пандемијата, бидејќи се повеќе време се поминува на отворено и во природа.

Заедничката колекција е инспирирана од 70-тите години од минатиот век и вклучува зимска облека, како пуфер-палта, ватирани јакни, ветровки и елеци, но и кошули, здолништа и комбинезони за жени и мажи – сето поврзано со  духот на истражувањето. Макар што деловното поврзување може да изгледа неочекувано, постојат и подлабоки паралели, за кои се говори и во заедничкото соопшение по повод промоција на колекцијата и видеото снимено на Алпите од Даниел Ше, во кое се потенцира дека и двата бренда се грижат за оние кои бараат авантура: „Добро е познато дека патувањето доведува до само откривања, па така, според ова убедување, и двата бренда  повикуваат на потрага кон осознавање на сопствените карактерни и особености“.

Важно за истакнување е дека колекцијата не е поврзана со природата само декларативно, туку и практично, имајќи на ум дека за нејзина креација е употребен е Econyl, еколошки материјал, направен од рециклирани суровини.

Парчињата се исто толку прекрасни, колку што се и отпорни на ладно време. Комбинациите од здолниште за кошули во светли цветни отпечатоци, ретро-спасувачки јакни и луксузни кожни чевли за пешачење, сето ја зголемува привлечноста на едно ново модно ниво. Овие парчиња не изгледаат како да се само за ревија – се очекува и да ги преживеат и елементите на стилот – ако можеме да издржиме прекрасен пар чизми за пешачење да се лого на Гучи или пуф-јакна да е за патување низ дивината.

Инаку, North Face и Gucci освен облека во новата колекција вклучија и вреќи за спиење и шатори и ретро-фанк ранци. Нема потреба заради модата најважните работи да се оставаат дома – на модните парчиња има доволно џебови за грицки, вода и сè друго што би можело да ви треба.

Кога ќе се помисли на нашето кампување од соништата во пост-ковид ерата, ова се токму тие 70-ти, свет сличен на оној од соништата. /M.M.

You may also like

Comments are closed.