Girlfriend Collective

GF Swim е најновата колекција на костими за капење, создадени од рециклирани рибарски мрежи, во повеќе модели, бои и големини. Деталите се на https://www.girlfriend.com/collections/new-arrivals?view=two-col

Омилени на социјалните мрежи, рециклираните ткаенини на Girlfriend Collective се подеднакво добри, како и другите ткаенини. Секое парче облека од нивните супер меки производи се направени од рециклирана океанска пластика – како шишиња за вода и отфрлени риболовни мрежи (според податоците со кои располагаат, дури 46% од целата пластика во океанот се отфрлените рибарски мрежи).

Заедно со најновата колекција GF Swim, произведуваат и облека за спортување со извонредни перформанси кога е во прашање потта, влагата, непријатните мириси и слично. При перењето во машина, не ги менуваат перформансите.

Во Girlfriend Collective истакнуваат дека нивна прва цел била целосна транспарентност. Многу компании ја истакнуваат транспарентноста нудејќи само блескави наслови, наместо издржана содржина.

За Girlfriend Collective транспарентност подразбира грижа за секој детал од процесот на производството, до грижа за косрисниците, како и за оние кои ги создаваат нивните производи.

Girlfriend Collective

Текстилот на  Girlfriend Collective е направен од рециклирани материјали во нивната фабрика во Тајван, специјализирана за изработка на еколошки и високо – квалитетен текстил. Фабриката во која се создаваат финалните производи е во Ханој, Виетнам и таа е со сертификат SA8000, што гарантира фер плата за вработените, безбедни и здрави услови за работа, без принуден или детски труд.

SA8000 е стандард и сертификат за социјална одговорност, изработен од International Accountability International (SAI). Сертификацијата има за цел да им помогне и да ги заштити работниците ширум светот, со обезбедување на стандардизирано упатство за заштита на интегритетот, на условите за работа и на платите на работниците./М.М.

You may also like

Comments are closed.