Кога Zoe Latta и Mike Eckhaus ја претставија нивната најнова есенска колекција, потенцираа дека актуелната состојба со пандемијата имала големо влијание во процесот на создавањето.Можеби затоа, најсилниот впечаток за колекцијата е прикажаната загриженост. Иако ние често бараме да видиме модни фантазии за иднината, а тоа секако е и добро и неопходно, а секако, бара имагинација, во оваа колекција тоа е заменето со едно загрижувачко видување на сегашноста. Колекцијата на Eckhaus Latta само го овековечи сегашното чувство за ограничувања и затворен простор.

Во колекцијата дизајнерите најмногу ја истражувале деконструкцијата на познатите силуети, со создавање празнини во облеката, или, преку нивната прилагодливост во различни форми.

Овој тип на деконструкција беше скоро сеприсутен – со премногу примери, почнувајќи од плетено здолниште врзано за половина, до дупки инкорпорирани во фустан. Но, тоа не беше единствената реализирана идеја.

Дизајнерите играа со оптички обрасци на црно-бел жаккард или класични силуети претставени во нарочно деградирана форма.Големата есенска колекција има секакви панталони, секакви блузи, мини здолништа и за мажи, фустани и за поголеми волумени, и се е така сериозно –тажно – како и говорот на телото на моделите.

Можеби веста дека нивната компанија годинава е една од десетте добитници на финансиска поддршка и менторство на  CFDA/Vogue Фондот за мода ќе има свое влијание врз идните креаторски инспирации.

Водени од ланската иницијатива „ Common Thread “ која обезбеди финансиско олеснување за членови од модната заедница погодена од пандемијата, CFDA и Vogue се согласија дека овој пат е потребен нов пристап кој ќе се осврне на тековните предизвици во американската модна индустрија.Одлучено е наместо три награди, сите десет финалисти да добијат финансиска поддршка и менторство за своите идни колекции.

Во образложението на одлуката се вели дека: „Дизајнерите се соочуваат со огромни предизвици и овој пат им треба значителна поддршка – да им се обезбеди финансирање, за да им се даде можност да преживеат и на крајот да напредуваат во модната индустрија“./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.