Посветивме многу внимание во создавање парчиња кои совршено ќе прилегаат на вашата фигура, умешно ќе ги прикријат недостатоците,а ќе ги истакнат атрибутите.

Парчиња кои се лесни за комбинирање меѓусебно, а и со останатиот дел од вашата гардероба.

Поголемиот дел од моделите се повеќенаменски, можат да се користат и како плус големина и во бременоста/доењето.

Се одликуваат со голема удобност, без да се прави компромис со стилот.

Сите модели се изработуваат лично за вас, по ваши мерки, а инструкциите за мерењето имате во видеото на нашиот профил насловено ,,Како да се измерите”, објаснува Фран во презентацијата на новата наменска колекција.

Модните парчиња можат да бидат изработени во материјал, боја и должина по ваша желба, различно од моделот прикажан на фотографиите.

Бидете во тек со нашите постови, ќе има нови модели секоја недела.

Од една мајка со облини до сите вас, со љубов!/M.M.

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.