![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2022/05/email1652529951700.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Во рамките на модната ревија на која дизајнерката Тања Кокев ја претстави својата летна колекција „Пустинска роза“, преставени се и некои од брендовите застапени во парфимериите на FABUspot.
Имено, за беспрекорната шминка на моделите, вечерта се погрижија тимот на мејк ап артистот Зоран Шурбевски и FABUspot. При шминкањето на манекенките користени се производи на врвните светски брндови, како Estee Lauder, Dior, Shiseido и MAC, а магичната атмосфера на ревијата беше надополнета со миризливите свеќи и дифузери на Jo Malone London./М.М.