По повод 70 години постоење, а во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба, домашниот бренд за млеко и млечни производи, „Битолско” организира наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“.
Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени 70 вредни награди, а премијата е автомобилот Toyota Corolla Hybrid.
Според соопштението до медиумите за учествуво во наградната игра е доволно да се купи некој од производите од портфолиото „Битолско“ , во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка. Потоа бројот на фискалната сметка и времето на плаќањето треба да се испратат преку СМС порака на бројот 149 499 од операторите Македонски Телеком и А1, како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra. СМС пораката чини 5,9 ден.
Наградната игра започна на 2ри мај и ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките. Ќе има осум неделни извлекувања и секој понеделник ќе се доделуваат по два мобилни телефона и два LED Smart телевизора. Главното извлекување е на 27 јуни , кога ќе биде доделена и главната награда, автомобилот Toyota Corolla Hybrid Hatchback.
Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер./М.М.

Детални информации за наградната игра се достапни на линкот www.bimilk.mk/nagradna-igra

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.