Пред-есенската колекција за 2024 година на модниот бренд Erdem, создадена во чест на оперската легенда Maria Callas балансира страста и воздржаноста, елеганцијата и ранливоста.

Модниот бренд Erdem за својата колекција Pre-Fall 2024 црпи инспирација од животот и стилот на легендарната оперска пејачка Maria Callas. Позната по своите моќни сценски настапи и со бурниот личен живот, токму дуалистичката природа на оперскаа дива служи како муза за колекцијата.


Колекцијата ја истражува тензијата помеѓу контролата и страста, воздржаноста и жестокоста, сликата и изразот. Истражува и како Callas се облекувала на сцената и надвор од неа. Некои парчиња во колекцијата се директно изведени од облеката што ја носела, додека други се инспирирани од волумените, деталите и мотивите од нејзината ера. Сето резултира со интригантна мешавина на структура и кроење, на органски форми што ја одразуваат сложеноста на карактерот на Callas.


Се истакнуваат силуетите од доцните 50-ти и 60-тите: колекцијата отелотворува чувство на остра декаденција, потсетувајќи на незаборавниот глас на оперската дива.Во неколку дизајни, постои игра помеѓу скромноста и разиграноста, алудирајќи на бурен или див дух. Црниот фустан украсен со преголема машна и фустаните со вградени наметки со раменици обложени со скапоцени камења го покажуваат ваквиот контраст.

Пред-есенската колекција може да се проследи на следниов линк:

You may also like

Comments are closed.