Колекцијата на Antonio Marras ја следи разнообразноста и почитта кон традицијата: онаа на сардинците и онаа на домородните американци, на кои заедничка им е светата мудрост на ткаењето и божица: ќебето.


Кога пред четири децении Fabrizio De André го објавил автобиографскиот албум посветен на сардинската заедница и на заедницата на американските староседелци веројатно немал претстава дека неговото дело ќе биде инспирација на една модна колекција. Токму тоа е случајот со пред-есенската колекција за идната 2024 година на Antonio Marras.


Италијанскиот поет, пеач и композитор Fabrizio De André во 1981 година напишал: „Јас сум многу повеќе Сардинец од оние кои, случајно родени во Сардинија, избрале да живеат во Рим. Животот на Сардинија е можеби најдоброто нешто на кое човек може да се надева: дваесет и четири илјади километри шуми, село и крајбрежје потопени во чудесно море – тоа би било токму она што би го советувал добриот Господ да ни го даде како Рај“.


De André зборува за американските Индијанци и за овчарите од Сардинија, поставувајќи ги нивните слични постоења со чувството што е основен принцип на неговата филозофија: солидарност што значи заедничко чувство, да се биде дел од болката на другите. како единствен пат кон доброто и мирот на сите луѓе.
Неговото дело е инспирацијата за колекција за која модниот дизајнер Antonio Marras вели дека ги спојува изработката, љубовта кон традицијата, почитувањето на древните обичаи и ритуалите на предците.


Ние сме деца на иста земја: потопени во анимизам, почит и посветеност на една голема мајка: природата, посочува дизајнерот кој се гордее со своето потекло од Сардинија.
За двата народа е значајно да имаат облека што е лесна, штити од сезонски временски промени и користи суровини достапни за луѓе који се во посојани преселби.
Колекцијата ја следи разнообразноста и почитта кон традицијата: онаа на сардинците и онаа на домородните американци, на кои заедничка им е светата мудрост на ткаењето и божица: ќебето.
Боите наликуваат на оние на високото прериско небо и зајдисонцата на најдивата Сардинија. Небесно сино, крем, светло сино, темно сино, боите на костен и на петрол.
Религиите, мистицизмот и симболиката сè во моделите во колекцијата во која доминира ќебето – на трагите на индијанските поглавари, на артефактите, приказните и легендите./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.