Модниот бренд Donna Karan New York ги претстави колекцијата за пролет 2024 и придружната рекламна кампања, насловена како “In Women We Trust.”
Во сето она што се подразбира под поимот легендарно, фотографот Annie Leibovitz ги поврза преобмислените изгледи на Donna Karan со осум, за брендот познати супермодели: Amber Valletta, Carolyn Murphy, Cindy Crawford, Imaan Hammam, Karlie Kloss, Linda Evangelista, Liya Kebede и Shalom Harlow. Многу од нив одеа по пистите на Donna Karan и во раните деведесетти, во времето на нејзиниот најславен период.

Колекцијата е своевидно релансирање на достигнувањата на брендот од перспектива на иднината. Новата Donna Karan New York внесува нов живот во легендарната структура на брендот спојувајќи наследство со иновации, за да создаде волшебна колекција за модерната жена. Огромно количество ѕвезден прав лета низ пистата на супермоделите.

Во срцето на кампањата е истражувањето на богатото наследство на Donna Karan, со фокус на илјадници архивски изгледи и винтиџ детали. Кампањата ја истакнува колекцијата, која вклучува класични силуети и парчиња со потпис, со што им се оддава почит на препознатливите „7 Easy Pieces“.
Паралелно со снимањето, секоја моделка беше интервјуирана за тоа како Donna Karan влијаела на нив и на цели генерации жени. Така, според Cindy Crawford, новата колекција ги носи дизајните на наследството до модерното време. Добро познатите 7 Easy Pieces се замислени како Систем на облекување ( System of Dressing ). Претставен е нов стил на моќно облекување, кој ги слави жените и нивните тела. Тоа е нејзината силна точка, и сè уште е, посочува Crawford во нејзиното интервју.
Додека изгледот вели висока мода, цената вели достапен луксуз, бидејќи колекцијата има цена за насекаде да им се допадне на модерните жени. Со почит, од Donna Karan!


Колекцијата е достапна на глобалниот сајт на DonnaKaran.com https://www.donnakaran.com/

You may also like

Comments are closed.