На пригоден настан компанијата Жито Лукс го претстави новиот визуелен идентитет на компанијата, новото лого и на новите дизајни на сите пакувања.
Боите во логото и во идната комуникација на брендот се поистоветуваат со златножолтата боја на сонцето како симбол на раѓање на денот и на бојата на лебот .

Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите како предуслов за задоволни и лојални потрошувачи.


„Ова е голем чекор за нас во правец на модернизација на изгледот на брендот, доближување до новите генерации купувачи и развој на категориите во кои сме докажани лидери. Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја да создадат бренд што е симбол за квалитет и доверба, изјави маркетинг и шопер маркетинг директорот на Жито Лукс, Антоанела Петровиќ.

Новиот изглед, логото и пакувањето на производите, Жито Лукс ги претстави пред новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.