Dolce & Gabbana, за средината на август ја најавуваат промоцијата на својот NFT (non-fungible) токен и првата колекција во NFT, која ќе се вика Alta Moda. Со тоа, Dolce & Gabbana се приклучува кон големиот број познати и моќни компании, како Warner Bros, MLB, TIME, или DeLorean Motor, кои реализираат свои проекти поврзани со NFT.

Со твит објавен од официјалната страна на D&G, компанијата соопштува дека „Првата ексклузивна колекција, Alta Moda NFT се создава во партнерство со платформата unxd.com“, стои во твитот.

Од Dolce & Gabbana ги поканија наддавачите на DGGenesi NFT да ги резервираат своите места на претстојните аукции и почесто да ја посетуваат unxd.com платформата. NFT колекцијата, а со тоа и наддавањето се планирани за 28 -30 август, на модните настани Alta Gioielleria и Alta Sartoria.

За оваа, прва NFT колекција, DGGenesi доби инспирација од високата мода што во превод на италијански е “Alta Moda”./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.