Dior го претстави својот прв мирис без алкохол и на база на вода, J’Adore Parfum D’Eau, кој е од линијата на нејзиниот најпознат парфем J’Adore. Во кампањата, во најновиот сет на реклами кои ќе се емитуваат од септември, се појавува амбасадорката на J’Adore, Charlize Theron.

Новата најава на парискиот бренд е голем исчекор во индустријата на парфемите: брендот ја произведе својата единствена формула преку патентиран процес на нано-емулзија кој вклучува интегрирање на висока концентрација на цветни масла и вода под висок притисок. Пред формулацијата на парфемот, не беше можно да се произведе ефикасен мирис без алкохол.


J’Adore Parfum D’Eau, најновата понуда од Dior, е долготраен парфем создаден од единствена мешавина на цвеќиња, вклучувајќи цветови од портокал, самбак јасмин, роза Дамаскена и магнолија – сите дел од програмата за одржливост на Dior наречена “Beauty As a Legacy”.
Новиот J’Adore Parfum D’Eau е достапен онлајн, преку веб-страницата на Dior./М.М.

You may also like

Comments are closed.