Copenhagen Fashion Week е водечка нордиска модна недела што секоја година се одржува два пати во годината, во февруари и во август. Лидерите на модната индустријата овој февруари, поради познатите околности, имаат можност да настанот да го проследат дигитално. Беа тоа четири дена – од 2. до 5. февруари, испонети со изложби, промоции, претставувња, предавања и дебати, како и на двата сајма – CIFF и Revolver.

Се беше подредено на одржливоста: Модната недела во Копенхаген е и останува насочена кон суштински промени во начинот на организирањето на настанот, а во континуитет работи и на инспирирање на индустријата да преземе чекори кон одржливоста.

Designers ‘Nest е непрофитна иницијатива која ги поддржува модните таленти од нордиските земји во раните фази по дипломирањето. Соработува со дипломирани дизајнери кои покажуваат високо ниво на оригиналност, креативност, изработка и одговорен дизајн. Секоја година се избираат 10 финалисти кои ќе ја претстават својата дипломска работа на заедничка модна ревија. Наградените дизајнери добиваат менторство, пракса и поддршка за производство на комерцијална колекција.

За изданието во 2021 година, Browns Fashion ќе избере дизајнер и во соработка со Bear Scouts, колекцијата на дизајнерот ќе биде произведена според принципот на одржливоста и достапна во бутиците и во електронската продавница на Browns Fashion. Bottega Veneta ќе му понуди на дизајнер 6-месечна пракса во студиото во Милано. Еден дизајнер ќе добие парична награда од 50.000 DKK. Избрани дизајнери ќе бидат вклучени во модната изложба во музејот Prins Eugen Waldemarsudde во Стокхолм. Сите финалисти ќе добијат профил на „Eyes on Talent“, платформа само за поканети,  што ги поврзува талентираните и етаблирани дизајнери и брендови. Општа оценка за прикажаното би била доближување кон уличната мода.

Програмата  Мали – Големи разговори за одржливата на иднината на модата и одржливоста како обврска, како и за антирасистичките практики во скандинавската модна индустрија  беа со актуелни гости и учесници во наставата по моден дизајн. Во текот на деновите на модата и дигиталната промоција на колекциите, модните дизајнери се претставуваа себе си но и ги пренесуваа своите впечатоци за градот и настанот. Брендот за часовници и накит инспирирани од Данска, Skagen најави партнерство со модната недела во Копенхаген.

Последниот ден House of Dagmar беше прогласена за  добитник на првата награда за одржливост на Заландо. Жирито беше импресионирано од силната на нивната амбиција за одржливост  која се спроведува преку многу аспекти на синџирот на снабдување на брендот. House of Dagmar ќе добие финансиска награда и партнерство со Заландо во развој на ексклузивна колекција што ќе продолжи да истражува решенија за одржливоста во дизајнот низ материјали, производни процеси, технолошки решенија и следливост. За понатамошна поддршка на деловната активност, како и можност за пласман  на своите производи на 17 европски пазари. За модната недела повеќе на сајтот https://copenhagenfashionweek.com/ /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.