Bobe's bakery

Потребни состојки:

–              50 гр. путер – истопен

–              100 гр. шеќер

–              100 гр. шеќер во прав

–              ванилин шеќер

–              јајце

–              кафена лажичка какао

–              150 гр. мелени бисквити

–              100 гр. мелени лешници

–              250 мл. слатка павлака

–              400 гр. малини

–              200 гр. темно чоколадо

Подготовка:

Со какаото се мешаат мелените бисквити и лешници. Им се додаваат стопениот путер и шербетот, направен од  50 гр.шеќер, 50 мл. вода и ванила шеќерот, провриени пет минути. Смесата се става во модла –  срце, се формира подлогата и страниците на срцето. Потоа се става во замрзнувач  за подлогота да се стегне (околу 20 минути), додека се подготвува кремот.

Чоколаден фил: Темното чоколадо се топи на пареа и се остава да се излади. Жолчката со 50 гр. шеќер се мати на пареа за да стане густа маса. Кога ќе  се излади  се додава на стопеното чоколадо. Белката убаво се мати, шеќерот во прав постепено се додава. Слатката павлака посебно се мати. На оладеното чоколадо и жолчката постепено, со мешање со лажица, се додава матената белка. Се додава постепено,  исто како белката, половина од  изматената слатката павлака – и -филот е готов. Од замрзнувачот се вади калапот со бисквит тестото оформено во срце, се става на тањир за торта и се става чоколадниот фил.

Малина фил: За украсување се користи останата изматена слатка павлака на која и се додава половина од вкупното количество изблендирани малини. Слаткарскиот шприц се полни со филот и се украсува во форма на срце. Во средината се остава простор за едно срце кое се пополнува со преостанатите малини. Тортата се украсува по избор, со перли во боја или чоколадни топчиња.

Наздравје!

You may also like

Comments are closed.