Gomorrah ги претстави во светот првите машки вегански кошули кои по носењето ќе можат да се компостираат.
Во индустријата во која сè уште доминира брзата мода и културата за еднократна употреба, Gomorrah е првиот бренд за машка облека чија мисија е да создаде луксузна облека која по употребата може да се компостира, создадена на растителна основа.
Само во САД, секоја година на депониите се фрла облека вредна над 22 милијарди евра, често загадувајќи ја животната средина со токсични бои и влакна добиени од пластика, на кои им требаат векови за да се разградат.
Како одговор брендот ја прифати одржливоста, со создавање на колекцијата на машки кошули кои можат целосно да се компостираат, со определба асортиманот на веганската облека постојано да го прошируваат./М.М.

You may also like

Comments are closed.