Доколку размислувате да се одморите од алкохолните пијалоци поради здравствени причини, фитнес, или за да ги елиминирате мамурните утра, како поради органичувањата со управувањето со возило, тогаш нема причина да не ги пробате новите безалкохолни пијалоци.

Можете да уживате во ноќните излегувања, да пиете и да бидете среќни, знаејќи дека ќе се чувствувате и ќе изгледате свежо и полетно и следниот ден! Меѓу производителите на безалкохолните пијалоци, кои од ден на ден стануваат се побројни, по специфичноста се издвојува CleanCo.

Имено, во британската CleanCo со години работат на создавање на низа безалкохолни алтернативи, со целосен вкус на алкохолни пијалоци. Можат да се користат самостојно, како и основа за коктели чии рецепти можат да се најдат на електронска продавница. https://clean.co/pages/about
Стремејќи се да се произведе најавтентичната палета на безалкохолни пијалоци, Clean Co започнаа со Clean G Editions, продолжувајќи со Clean R G Editions, со вкус на готови коктели.


Како алтернатива на рум, Clean R е карипски пијалок со неверојатен вкус, со нијанси на карамела и кајен пипер. Малата, додадена горчина е за да ја стабилизира исклучителна сладост на пијалокот и да даде пикантност на завршната рамнотежа.
Позитивната страна на овие софистицирани пијалоци е и што имаат само дел од калориите на алкохолните пијалоци, а и тоа е бонус!/М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.