Во претставувањето на најновата пролетно /летна Couture колекција на Schiaparelli се посочува дека е создадена во време на надеж: како поради достапноста на вакцините, така и заради можноста повторно слободно да се патува. Можевме да почнеме да замислуваме дека нашиот колективен кошмар е зад нас, или барем наскоро ќе биде, истакнуваат од брендот.

Со наслов An Age of Discipline, Roseberry создаде уникатна колекција исполнета со драма и составена од само црна, бела и за Maison Schiaparelli препознатливиата – златна.
Исполнета со единствено скроени силуети, заедно со многу детални златни структури потврда е на уште едно спојување на високата мода со уметноста. Ефектот е етеричен и магичен – а спротивставувањето на едноставноста со сложеноста е навистина волшебно.

Делата на Schiaparelli Haute Couture, дизајнирани од Daniel Roseberry, се често видени на црвениот ќилим, или во специјални фото сесии. Во оваа прилика ги издвојуваме Maggie Gyllenhaal , која на 94. доделување на оскарите се појави во модел од најновата колекција, како и Gillian Anderson, хероината на X-Files, која за најновото издание на американскиот магазин L’officielпозира во црн фустан со бел trompe l’oeil, украсен со златни листови и винтиџ кабошон камења и кристали.

Она што Daniel Roseberry толку успешно го создава, своите корени ги има уште од почетоците на минатиот век, поточно, во 1927 година, кога модната дизајнерка Elsa Schiaparelli, по потекло од италијанско аристократско семејство, во Парис ја отвори модната куќа Schiaparelli .
Во периодот од 30-тите во 50-тите, под нејзино раководство Schiaparelli, го прославуваат надреализмот во високата мода.

Roseberry својот креативен објектив го насочува токму кон наследството на модната куќа: сакав да направам нешто што не личи на никој друг. Ништо друго не треба да изгледа вака“.
Тоа е начинот на размислување што доаѓа природно кај Schiaparelli, каде што надреализмот оди рака под рака со егзистенцијализмот./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.