” LIMELIGHT ” SS22 е колекција која ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста на секоја личност.

Преку звукот на диско музиката, ноќниот живот и култната дискотека “Studio 54”, неминовна е инспирацијата од 70 тите години од минатиот век, во ерата на промени, економски пресврти и движења за права на маргинализираните групи, која метафорично го отсликува и огледалото на денешното општество.
Диско револуцијата, преку комплексниот симбол на диско топките, повикува на заедништво, бегство од реалноста, утопија, индивидуализам.

Лимета зелената боја, е најзастапена во палетата на бои во оваа колекција, блиску поврзана со природата, симболизирајќи виталност, свежина, живот и имагинација.

Тргнувајќи од оваа гледна точка, оваа колекција е порака и покана секој да ја експресира својата вистинска боја, својата природа и да ја живее својата слобода, ставајќи се себеси во ” центарот на вниманието “.

” LIMELIGHT ” SS22, е наменета за сезона пролет-лето 2022 година, и дава една нова визија и свежина на брендот ZANOV, притоа задржувајќи ги препознатливите елементи, кроеви и естетика. Содржи 20 изгледи, а секој од нив претставува епифанија за тоа што значи да се биде човек и нашата потреба постојано да бараме нешто поголемо, нешто повеќе. Да бидеме слободни, да го изразуваме тоа што лежи во нас, а кога луѓето се слободни и го прават она што треба да го прават, вибрираат на едно друго ниво.
Освен лимета зелена, палетата на бои во колекцијата содржи и други нијанси на зелена, а застапени се и жолтата, црната, сребрената, златната како и нијанси на сина боја.

Материјалите употребени во колекцијата, имаат широк дијапазон, вклучувајќи сатен, жоржет, жерсе, штоф, тафт, растегливи тулови и мрежи, а исто така може да се забележи и употребата на тул со пулејки, како и реупотребата на повеќе видови на тексас.

Рачната изработка во колекцијата е од неминовен аспект, а кроевите се строги и геометриски, формите минималистични но скулптурални, со нагласена ” песочен часовник ” силуета.

Колекцијата располага со голем асортиман на модели, вклучувајќи долги и кратки фустани, здолништа, сакоа, панталони, комбинезони, топ – ракавици и секако препознатливите ” ZANOV “корсети.


Photography : Antonio Stankov
Models : Sofija Simonoska, Viktorija Ristovska, Magdalena Gorgievska
Model Agency : Models In
Hair : Social Hair Salon Elena Nikolovska
Make Up : Makeup Studio Delovska
Shoes : Viktor Chevignon
Assistant : Kristijan Arsovski
Special thanks : Night Club Clique, Dimitar Babkov

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.