Оваа илузија на голотија сака да ги потсети сите на правото и родовата еднаквост што ја имаат во покажувањето, имајќи се себеси без да се чувствуваат осудени или виновни. Оваа илузија на голотија е потсетник дека секој што ќе одлучи да се појави или да се чувствува секси, не овластува никого да го оправдува насилството на мажите или да ги ублажи нивните грешки.
Со овие зборови познатата инфлуенсерка Chiara Ferragni се претстави na Instagram, во фустани што го симулираат голото тело и се во функција на нејзините пораки. Сето го претстави и на годинешното издание на музичкиот фестивал Санремо, кадешто своите ставови за правата на жените ги поткрени и до порака на шалот : „Размислувај слободно!„

Ова е тело на жена, која би сакала да им даде глас на сите жени во светот кои се подложни на забрани и злоставувања, на сите оние на кои им се кажува дека нивното тело создава срам, дека тоа е само предмет на желба или што поттикнува на грев.
Ова е сечие тело. Кој е без грев, нека го фрли првиот камен!

Целта на претставеното, на фустанот кој го симулира голото тело на Chiara Ferragni е насочување на вниманието кон правата на жените, нивните тела и начинот на кој женското тело, за жал, сè уште се смета за дискутабилно и сомнително./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.