Новата капсуларна колекција е создадена да ја мотивира женската индивидуалност и креативност. Освен што е направена според принципите на општествено одговорна изработка Bloom има и свои хуманитарни цели, поврзани со СОС детското село.
Модната дизајнерка Росица Мршиќ со новата лимитирана капсуларна ‘Bloom’ колекција го продолжува својот моден израз, низ употреба на авторски дизајнерски решенија и принтови.
Изработена со голема посветеност и внимание, со “нула” отпад во производствениот процес, Bloom еколекција на женски блузи, со препознатливи рачно изработени детали и безвременски дизајн.


Блузите се со прилагодлив крој, одговараат на сите големни, бели и црни, изработени од памук, како колекција создадена да ја мотивира женската индивидуалност и креативност.
Блузите можат да се комбинираат со различни парчиња облека, за софистициран изглед и за различни пригоди во текот на денот.


Колекцијата е направена според принципите на општествено одговорна изработка, а има и хуманитарен карактер. Имено, 10% од секоја продадена блуза од оваа колекција, се наменета за помош на децата во СОС детско село Македонија.

Росица Мршиќ е интернационално наградувана македонска дизајнерка, активна со својот бренд уште од 2008 година на домашниот и странскиот пазар.Таа применува соработка со домашната модна индустрија, со уметници, артизани, лица од ранливи категории во изработка на своите колекции и модни додатоци и создава колекции во соработка со други брендови.
Росица Мршиќ

You may also like

Comments are closed.