HEARTBEATS ’24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи ги сите различни типови на љубовта. Тоа е едно еуфорично искуство, коe сите сме го доживеале. Од љубов кон себе, до љубов кон друго битие – тоа искуство може да биде отсликано во најразлични форми: од посветеност, приврзаност, фамилијарна љубов, пасија кон работата, романтика, страст, па дури и до опсесија.
Сите овие видови на љубовта, се катализираат различно , па затоа и секоја од нив има уникатно влијание врз нас.


Иако љубовта опфаќа низа силни позитивни емоционални и ментални состојби, таа може да биде и негативна, при што нејзиниот порок претставува човекова морална маана, себичност, егоизам, суета и емоционална недостапност.


Според соопштението од брендот, HEARTBEATS ’24 ја отсликува симбиозата токму на тие негативни страни на љубовта, скриени и неискажани мисли, затвореност и неискреност, ладнокрвност, апатија и сите неостварени желби што го тераат нашето срце да го промени ритамот на биење.
Тој процес на целосно пулсирање на срцето е движечкиот импулс што нè прави живи од првиот до последниот ден.
Палетата на бои на колекцијата е инспирирана од теоријата на тркалото на љубовта која опишува шест љубовни стилови, вклучувајќи црвена, портокалова, жолта и сина.


Црната и белата ги претставуваат спротивностите, позитивните и негативните состојби на љубовта, додека рефлектирачката сребрена го отсликува вистинското јас, нашите доблести, стравови и маани, а обезбедува и емоционална, социјална или друга одбрана.


Најуникатна текстура во оваа колекција е ватираната ткаенина со буквата Z, којашто преку симболичен начин го претставува идентитетот на брендот и отчукувањата на срцето на брендот.


HAERTBEATS ’24 содржи 12 изгледи составени од фустани, корсети, мини и макси здолништа, панталони, јакни, мантили и блузи. Модните додатоци во колекцијата се состојат од чанти во форма на ZANOV корсет, ватиран ранец, опера ракавици, рефлектирачки Z обетки, како и рачно изработени украси за на глава.
Во оваа колекција ZANOV за прв пат вклучува и машка облека.

Models : Veda Evtimova, Muhamed Enuz, Sofija Simonoska, Yllzinho
Model agency : Models In Management
Photography : Antonio Stankov
Hair : Elena Nikolovska Social Hair Salon
Make Up : Sim Saltirova
Assistant : Eva Pop Tanevska
Special thanks : Dimitar Babkov, Toni Petrushevski

You may also like

Comments are closed.