Италијанската компанија Hi-Interiors претстави својата втора генерација на креветот HiBed, овој пат со многу додатоци за забава, што е особено актуелно во пандемијата, каде што луѓето се врзани за нивните домови.

HiAm креветот, дизајниран од италијанскиот архитект и дизајнер Фабио Винела е со идеја за целосно опуштање и релаксација. Опремен е со амбиентално осветлување и светла за читање, аудио систем, 70-инчен екран и 4K проектор, кои овозможуваат пријатни мигови во креветот.
Има и моторизирани подлоги програмирани за масажи, како и дифузер на мириси, што дополнително го подобува расположението. Сите овие опции се активираат преку придружната iOS апликација.

Овој нов кревет ја игра и улогата на тренер за спиење, благодарение на вградените IoT сензори. Креветот собира информации за вашиот сон и околината, откривајќи ги сите звуци од околината што би можеле да го нарушат сонот, истовремено наоѓајќи ја идеалната температура, која помага да се постигне оптимален одмор./М.М.

Деталите се на https://www.hi-interiors.com/hi-am/

You may also like

Comments are closed.