Преставувајќи ја најновата пролет/лето 2022 колекција на Chanel, креативната директорка Virginie Viard во соопштението за медиумите ќе ја истакне врската на модата со фотографијата како мошне значајна за колекцијата.

„Модата е за облека, модели и фотографи“, изјави Viard. „ Karl Lagerfeld самиот ги има фотографирано кампањите на Chanel. Viard пак ги повика фотографите Inez & Vinoodh да направат кампања што ќе го придружува претставувањето на најновата колекција Chanel’s SS22 претставена на модната писта.
Фото апаратот е магичен предмет што според Viard буди толку многу спомени. Некогаш и се допаѓал звукот на блицовите на ревиите во осумдесеттите, кога манекенките биле на писта и би сакала повторно да ги долови тие емоции.
Токму тие емоции се движечката сила зад колекцијата. Презентирани во Grand Palais Éphémère, сите модни парчиња се направени за ентузијастите на Chanel кои досега ги пребарувале пазарите за препродажба, а сега можат да го најдат реинтерпретирано со вештите раце на Viard.
Инаку, самата модна ревија на Модната ревија на Chanel’s SS22 започнува со едноставни костими за капење надополнети со синџири на појасите, наменети за сите оние кои летуваа на брегот на Амалфи, во 1987 или, можеби, во 2022 година. По монохроматското загревање, шоуто прераснува во презентација на прекрасно обработени изгледи и додатоци на привлечните протагонисти на John Hughs.
Додатоците ја враќаат темата од 80-тите, од чанти во форма на срце до накит од неонски акрил. Затворањето на колекцијата е симфонија од сонливата винтиџ архива, подготвена да се појави во време кога 80-тите повторно ќе се вратат./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.