Иако сме сè уште во зима, нашите очи веќе се насочуваат кон пролетните модни трендови, и кон продавниците каде што освен секојдневните парчиња, можат да се најде брендирана гардероба и додатоци. BestSecret е една од најголемите и најексклузивни електронски продавници во Европа

Минатата пролет беше специфична, бидејќи животот се сврте наопаку во контекст на тогаш новиот коронавирус. Тоа беше година кога можевме да се восхитуваме само на нашата убава облека во плакарот. Дома, поминавме повеќе време во удобна облека од кога било досега, без можност да блеснеме со уникатни модни избори на улиците, на работа и на разни настани. Да се надеваме дека годинава ќе биде поинаку. Но, за сега, сепак, нема подобар избор од купување преку Интернет. Во тој контекст, BestSecret е една од најголемите и најексклузивни електронски продавници во Европа за жени, мажи и деца. Во неа регистрирањето е со покана од некој кој е веќе член. Располага со повеќе од 3000 врвни модни брендови како Balmain, Max Mara, Furla, Calvin Klein, Dior, Guess …Сите овие брендови се достапни и до 80 проценти пониски цени од редовните во продавниците за облека. На почетокот на годината, цените се особено поволни. Дури и во овие малку поинакви времиња, BestSecret испорачува производи брзо и редовно и во согласност со највисоките хигиенски стандарди./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.