Orebella е новата димензија на убавината, вградена во новиот бренд за убавина на моделот Bella Hadid.
За време на модната недела во Париз моделот Bella Hadid ја претстави Orebella, нејзиниот нов деловен проект што на втори мај ќе биде претставен на нова платформа. Колекцијата која е многу повеќе од линија на производи, нуди уникатен пристап кон целосна благосостојба, комбинирајќи производи за нега на кожа со персонализирани парфеми и холистички елементи.
Проектот беше најавен преку социјалните мрежи и со видео најава што Bella Hadid ја сподели на Инстаграм:

Слоганот на кампањата, „Откриј ја својата алхемија“, ги води љубителите на убавината низ уникатно сетилно искуство. Orebella, деловно управуван од BKH Essential LLC, нуди широк спектар на производи за нега на кожа и коса, како и персонализирани парфеми, мирисни масла и креми.
Холистичкиот пристап на брендот вклучува и мириси за соби, дифузери на трска и свеќи, додавајќи нова димензија во секојдневната рутина за убавина.
Официјалнот старт на Orebella е планиран за втори мај 2024 година. Дотогаш, љубителите на брендот можат да се пријават за информатор, да добијат ексклузивни подароци и пристап до нарачки https://orebella.com/

You may also like

Comments are closed.