Најновата генерација на Aptos нишките, збогатена со хијалуронска киселина, ја зголемува ефикасност во лифтингот. – Со  Aptos нишките за лифтинг се постигнува нехируршко затегнување, кревање и контурирање на сите делови на лицето, вратот и телото.

Новата генерација на Aptos нишките за неинвазивно затегнување на опуштена кожа е направена од биоресорбирачки хируршки конец, давајќи му на овој третман нов квалитет. Во широкиот асортиман на нишки дизајнирани да решаваат цела низа специфични проблеми на лицето и телото, има и нишки со додавање на хијалуронска киселина, кои покрај затегнување и подигнување на кожата, овозможуваат да се постигне подобар волумен, длабоко исправување и на плитки брчки, и подмладување на кожата на лицето и вратот.

Специјалните неинвазивни методи на нанесување на овие нишки постигнуваат ревитализација и подобрување на квалитетот на кожата, без хируршка интервенција и лузни. Резултатите од подмладувањето, затегнувањето и подигнувањето на лицето се видливи веднаш, времето за опоравок е минимално, а ефектот трае до двр години.

Уникатните нишки Aptos се произведуваат 25 години и се користат во пластичната хирургија и естетската медицина во повеќе од 70 земји низ светот. Благодарение на специјално дизајнираните повеќенасочни и двонасочни куки на конците, се постигнува интензивно затегнување, подобрување на микроциркулацијата и синтеза на колагенот. Повеќенасочните куки на конците обезбедуваат поголема цврстина на меките ткива и го продолжуваат ефектот на кревање.

Постојат неколку техники и методи за примена на Aptos нишките. Методот Nano Excellence се користи за подигнување на регионот на линијата на вилицата, потоа на јаготките и веѓите. Метод на Body excellence е за затегнување на различни делови од телото: раце, гради, стомак, задник, внатрешни бутови и колена

Поставувањето на Aptos нишките го врши пластичен хирург под локална анестезија. Се поставуваат нишки со атрауматска канила со кружен врв, со што се минимизира можноста за оток и модринки. Постапката е едноставна и брза и бара неколку дена закрепнување. Присуството на мало црвенило, помали отоци и испакнатини на кожата не го вознемируваат пациентот во секојдневните активности. Веднаш по процедурата е постигнато затегнување на кожата, а максималниот ефект се забележува по 1-2 месеци./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.