Илјада годишната традиција на баток ќе продолжи да живее, во Бускалан и ширум светот, благодарение на потомците наApo Whang-Od .- Виталната 104-на уметничка се најде и на насловната на априлски Вог.

Приказната почнува од патот до далечното село Бускалан, домот на Apo Whang- Od, последната прочуена мамбабаток од нејзината генерација. Современите погодности сè уште не го трансформирале целосно Бускалан. Сè уште нема сигнал од мобилниот телефон, а само мал број жители имаат WiFi. Но, челикот одамна го замени традиционалниот кров на домовите, а дрвените колиби отворија место за бетонски конструкции.

Жената која била сведок на сите овие промени е исто така таа која е во голема мера одговорна за нив. Вог пишува дека Whang- Od, раскошна стогодишничка, позната и како Марија Огај, рачно ја тетовира кожата уште од тинејџерската возраст. Само во последните 15 години, нејзината клиентела се освен селаните и жителите од регионот уште и илјадници посетители кои доаѓаат од целиот свет, барајќи ја исклучителната уметничка и заборавајќи на болката на трнот извалкан од саѓи.

На кожата на Whang-Od е испишана нејзината животна приказна: од достигнувања до болести и имиња на одамна исчезнатите љубовници. Според и интервјуата со антропологот за тетоважи, д-р Lars Krutak, Whang-Od имала 16 години кога ја започнала својата кариера како тетоважист, под менторство на нејзиниот татко. Првата и единствена жена мамбабаток во своето време,  патувала во далечните и соседните села, повикана од домаќините за да ги втисне светите симболи на нивните предци и поединци кои го преминале или ќе го поминат прагот во нивните животи./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.