Мода вестиКозметикаУбавина и здравје

Рејуран станува нов хит во естетската медицина

Рејуран, нова генерација полинуклеотидни третмани од Јужна Кореја, ветува подобар тонус, намалување на темните кругови и освежен изглед на пределот околу очите

Рејуран, нов полинуклеотиден третман за подмладување на кожата, почна да се применува во клиниките, носејќи уште една јужнокорејска иновација во областа на естетската медицина. Третманот е наменет пред сè за чувствителната зона околу очите, каде што со возраста најчесто се појавуваат тенка кожа, ситни брчки, темни кругови и губење на волуменот.


Полинуклеотидите, познати и како биостимулатори на колагенот, се добиваат од фрагменти на ДНК од риба и делуваат така што ги стимулираат фибробластите – клетките задолжени за создавање колаген. Иако денес се популарни во естетските клиники, нивната активна состојка првично била користена во медицината за третман на рани, изгореници и компликации кај пациенти со дијабетес.
Според експерттите за корејска козметика, Рејуран се издвојува по повисоката концентрација на активни состојки и по потребата од помала количина производ во споредба со другите полинуклеотидни препарати. Тоа овозможува помал оток по третманот, а истовремено обезбедува поинтензивна стимулација на колагенот.


Специјалистите посочуваат дека третманот може да придонесе за подобра циркулација, подобра лимфна дренажа и поголема хидратација на кожата, што резултира со посветол и поизедначен изглед на пределот под очите. Поради тоа, Рејуран се смета за нехируршка алтернатива за ублажување на знаците на стареење во оваа чувствителна регија.
Постапката трае неколку минути, а по апликацијата може да се појават мали отоци кои најчесто исчезнуваат во рок од 24 до 48 часа. За оптимални резултати, најчесто се препорачуваат две до три сесии во интервал од неколку недели.
Експертите нагласуваат дека, како и кај сите инјективни естетски процедури, конечните резултати зависат од индивидуалниот одговор на организмот.

You may also like

Comments are closed.