Се работи за петта соработка помеѓу Adidas и Beyoncé, а се однесува на инклузивни дизајни. -Глобалното лансирање на Adidas x Ivy Park , Halls of Ivy колекцијата, е на 10 декември.

Adidas и тимот на Beyoncé се здружија за да ја лансираат петтата заедничка колекција за Adidas x Ivy Park. Во прославата на крајот на годината, со слоганот „Добредојдовте во Halls of Ivy“, новата колекција вклучува облека и чевли и за возрасни и за деца. Дополнително, колекцијата е придружена со креативна линија која буди чувство на слобода и различност, како и визија која го движи стилот од сегашноста кон иднината.

Палета на бои на Adidas x Ivy Park нагласена во оваа нова колекција, ја потенцира енергијата што уличниот стил и спортската облека ги носат во своето јадро. Структурното кроење е повторно во функција на индивидуалноста, комбинирајќи иконски дизајни и модели како што е Glen Houndstooth.

Колекцијата Halls of Ivy, донесува и нови обувки со IVP Savage, со силуета инспирирана од архивските патики за трчање во повеќе нови нијанси./М.М.

You may also like

Comments are closed.