Модни додатоциТрендови

Блескавите чевли се новиот, празничен тренд!

Трендот на Пепелашка чевли се модниот избор за одбележување за празниците. Тоа е модниот детал што нуди луксузно и ексклузивно празнично чуство со мала инвестиција, а многу сјај.

Инстаграмот е преплавен со фотографии од чевли што потсетуваат на оние кои ги носеле принцезите од бајките. Од сандали со шилести врвови надополнети со блескави кристали, овие чевли заслепуваат со својот сјај. Бројни се и варијациите : со сјајни ленти, ремени и имитации на скапоцени камења и бисери на новите потпетици.
Популарен детал од ваквите чевли е употребата на проѕирна пластика наместо кожа или ткаенина, што ги претвора чевли од приказните за Пепелашка.
Повеќето високи потпетици во стилот на принцезата предлагаат Jimmy Choo или Christian Louboutin кои нудат чевли украсени со обоени кристали. Од Aquazurra до украсени чевли и потпетици, направени од Mach & Mach, можат да бидат инспирација за впечатлив, празничен стајлинг./М.М.

You may also like

Comments are closed.