Flying Solo

Flying Solo е најголемата пратформа во САД посветена на независните дизајнери. Нивното мото е  – Let’s work together!

Flying Solo е идеја на Elizabeth Solomeina, сопственичка на брендот за накит Solomeina, и на нејзината одлука да престане да бара партнери во малопродажба, туку да ги организира независните дизајнери така што тие директно ќе се претстават и поврзат со купувачите.

Flying Solo

Така се случи Elizabeth Solomeina реши самата да иницира создавање на таква продавница.

Со здружени сили и средства на триесетина модни дизајнери, за облека, додатоци и накит, создаден е брендот Flying Solo, и отворена првата  продавница која има за цел да се грижи  и да ги промовира независните дизајнери.

Flying Solo

Flying Solo секоја сезона прифаќа 100 талентирани дизајнери и се грижи за нивната промоција, за што зборуваат и насловните страници Vogue, Elle, Harper’s Bazaar, WWD, L’Officiel, Marie Claire и многу други.

За големиот интерес и успех говори и податокот дека во моментов се примаат апликации за октомври и декември годинава, дека постојано се отвораат нови продажни простори и се зголемува портфолиото на дизајнерите кои токму преку Flying Solo успеале во светот на модата./M.M.

Flying Solo

https://www.flyingsolostore.com/apply

Flying Solo

Flying Solo

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.