Губењето на косата влијае на многу луѓе.

Може да биде предизвикано од повеќе причини, меѓу кои доминантно е слабеењето и губењето на крвните садови околу фоликулите на косата.

Губењето на косата влијае на околу 16 проценти од мажите на возраст од 18 до 20 години и 53 проценти од мажите на возраст од 40 до 49 години. Според American Hair Loss Association до 35 -годишна возраст, две третини од мажите ќе доживеат губење на косата. Толкавиот процент соочени со губењето на косата, го насочи интересот на науката кон нов пристап во превенцијата и терапиата  кај  андрогената алопеција. Позната и како ќелавост кај мажи или жени, андрогената алопеција е најчеста причина за губење на косата. Ова се случува кога нема доволно проток на крв или крвни садови околу коренот на косата за да се донесат неопходните хранливи материи .

Актуелните третмани при  губење на косата се движат од надворешна примена на хемиското соединение миноксидил до хируршко калемење на фоликулите на косата.

Во студија објавена во списанието ACS Nano, истражувачите објавија нов третман за ќелавоста.

Тимот ги проучувал нано-честичките од цериум, за кој откриле дека помага да се намали оксидативниот стрес како антиоксидансот со отстранување на реактивни соединенија на кислород. Тие ги премачкуваа наночестичките што содржат цериум со липидно соединение и направија раствор за микро-игли за да ги достават наночестичките до скалпот.

Така е создадена  лепенка со микро-иглички со раствор од наночестички што содржат цериум.

Тие го тестирале овој третман на машки глувци кои имале ќелави точки. Третманот успеа да ги стимулира постојните и да формира нови крвни садови. Исто така, имале помалку соединенија на оксидативен стрес во нивната кожа.

Истражувачите се надеваат дека оваа технологија може да биде потенцијална стратегија за лекување на губењето на косата и на ќелавоста./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.