D&G

Италијанскиот моден двоец, Domenico Dolce и Stefano Gabbana, вчера ја објави својата најнова модна кампања каде што се појавува и нашата Ивана Манас. Кампањата беше инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија.

Ивана Манас

Прекрасната кампања за сезоната есен/зима 2021 е изработена од маестралниот фотограф Јурген Телер. Откако се појави на нивната ревија во февруари, тимот на D&G, воодушевени од андрогениот изглед на нашата Ивана, беа решени да ја ангажираат за новата кампања.

D&G

Ивана Манас последниве три месеца е постојано во Милано каде штомоделс работеше на голем број нови кампањи за кои допрва ќе слушнеме, вели нејзиниот матичен агент, Алек Наумовски, од Моделс Ин Менаџмент./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.