За креативниот директор Fausto Puglisi, легендарниот боксер Mike Tyson е вистинскиот медиум за промоција на неговата деби кампања на Robertо Cavalli. https://www.robertocavalli.com/en-mk/
Колекцијата на машка облека за пролет-лето 2022 го истакнува впечатливото доближување на дизајнерот кон разнообразните, смели и култни дизајни на семејството Cavalli, заедно со неговата инспирацијата од кралот на Поп-Арт-от, Andy Warhol.
Mike Tyson е една од последните живи поп икони, боксерски шампион и модерен човек, со личен и ексцентричен вкус, истакнува Puglisi, со лична приказна која, освен за боксерскиот шампион, е и со слика за преживувањето, за борбата и отпорот.
Освен славниот боксер, во кампањата се вклучени и други врвни машки модели. Колекцијата може да се види на следниов линк./M.M.