ПЗУ Соларис Медика од почетокот на месецов отвори нов центар за Физикална терапија и рехабилитација. Стручниот тим и најсовремените апарати (магнет, ласер, shock wave, декомпресија) овозможуваат, како што истакнуваат, „да ги постигнете резултатите што ги сакате и грижата што ја заслужувате.“
Истакнуваат и дека работат масажи (релакс, спортска, медицинска….), а дека, освен физикална, имаат и центар за естетика.
Во центарот за естетика се реализираат третмани за слабеење и програма против целулит, третмани за подмладување на лице и тело, потоа кавитација, ласер и терапија со ударни бранови.
Во Соларис Медика посочуваат дека е исклучително важно да се обезбеди позитивна и охрабрувачка атмосфера. „Чест ни е што имаме можност да се запознаеме и да ви помогнеме да го подобрите вашето здравје. Ние би сакале да ве охрабриме да ја вратите контролата врз вашето здравје и на крајот да го подобрите вашиот живот. Нашата цел е да ве научиме на техники кои ќе ви помогнат да останете успешни откако ќе ја завршите програмата за индивидуална терапија со нас.“
Деталите, како и контакт информациите се на www.solarismedica.com office@solarismedica.com