МодаТрендови

Мите Занов со нова “SPECTRUM” summer ‘21 колекцијата

SPECTRUM - Мите Занов

Сите сме различни, сите зрачиме со различна светлина, сите сме различна боја и тоа е тоа што не прави посебни. Од тука, потенцира Занов, доаѓаат и клучните зборови кои ја карактеризираат оваа колекција: боја, светлина и транспарентност.

“SPECTRUM” summer ‘21 е колекција во која се раскажува приказна за еден од основните ликовни елементи, бојата.

SPECTRUM – Мите ЗановБојата е видлива, восприемлива способност, која е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светло – приемниците во окото.

Сите добро го знаеме феноменот од физиката, дека кога удира светлина во стаклена призма, јасно ги забележуваме боите од спектарот.

SPECTRUM – Мите Занов

Спектарот и боите во оваа колекција, не ја претставуваат само теоријата на боите, туку имаат и подлабоко значење. Секоја боја е различна од претходната, без разлика дали е микс од две други бои од спектарот или не. Исто како и секоја индивидуа на овој свет. Сите сме различни, сите зрачиме со различна светлина, сите сме различна боја и тоа е тоа што не прави посебни. Од тука доаѓаат и клучните зборови кои ја карактеризираат оваа колекција: боја, светлина и транспарентност.

Имајќи ги овие зборови како водечки, се создадоа 10 изгледи, монохроматски решени, односно секој изглед е во една боја – од глава до пети.

Првиот модел го претставува недостатокот на боја, или светлината и затоа е претставен во транспарентен материјал, рачно доработен со стаклени кристали, претставувајќи ја стаклената призма. Последователно се појавуваат сите бои од спектарот, црвена, портокалова, жолта…за колекцијата да заврши со модел во црна боја, претставувајќи ја темнината или збирот на сите бои заедно.

SPECTRUM – Мите Занов

Материјалите во колекцијата се летни и лесни, внимателно одбрани, од кои преовладуваат транспаренти материјали како растеглив тул и шармез, но застапени се и памучни материјали, жерсе, свила и жоржет.

Во колекцијата е застапен широк асортиман на дизајни и модни парчиња, со ставен фокус на корсетите, но исто така вклучени се и фустани, комбинезони, сакоа, панталони, здолништа и транспарентни топ – ракавици./M.M.

SPECTRUM – Мите Занов

 

  • Photography : Наташа Величковска @natas_ah
  • Model : Софија Черепналкоска @sofija.cerepnalkoska
  • Agency : Models In @modelsin
  • Hair & MakeUp : Даниел Николовски @danielnikolovskiofficial
  • Shoes : Viktor Chevignon
  • Special thanks : Dimitar Babkov, Toni Petrushevskiф

    SPECTRUM – Мите Занов

    SPECTRUM – Мите Занов

    SPECTRUM – Мите Занов

    SPECTRUM – Мите Занов

    SPECTRUM – Мите Занов

    SPECTRUM – Мите Занов

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.