Доколку деновиве пребарувате низ социјалните медиуми дефинитивно ќе ги видите најновите гумени сандали на брендот Gucci. Многу од најпознатите инфлуенсерки ширум светот споделуваат слики и видеа од нивните тренди папучи. Изработени од гума, со лого на брендот на предната страна и со ниски потпетици се чини дека се летен „It“ моден тренд.
Кога ќе го погледнеме нивниот дизајн, не можеме а да не забележиме дека потсетуваат на гумените сандали што ги носевме кога бевме мали, иако оваа нова модна верзија одговара на сите возрасти и се комбинира безмалу со секаква гардероба.
Достапни се во повеќе различни бои./M.M.