Британскиот дизајнер Matty Bovan е добитник на годинешната International Woolmark Prize, како и на Karl Lagerfeld Award наградата за иновации. Дизајнерот ќе добие 300.000 австралиски долари и серија менторства за поддршка и раздвижување на деловната активност.
Ова е втор пат во историјата на наградата, еден дизајнер да ги однесе и двете големи награди. „Огромна чест е да ги освојам овие награди и јас сум толку возбуден за тоа каде тоа ќе ме однесе“, рече Bovan. „Веќе бев толку воодушевен од платформата и искуството на наградата Woolmark.
„Да се биде дел од меѓународната награда Woolmark навистина ќе помогне да се подигне мојот бренд и да се подигне мојата свест и знаење за тоа како работам како бренд и бизнис, изјави Bovan по повод доделувањето.
Matty Bovan е избран од шестмина финалисти, кои имаа задача да дизајнираат колекција со мерино волна, како и помеѓу 380 апликанти од 55 земји.
За неговата мала колекција од мерино волна, со која конкурираше, бил инспириран од Хорацио Нелсон, кој ја водел победата во битката кај Трафалгар и сакаше да ја преведе оваа приказна во неговиот свет. Тој работеше со локалните добавувачи и производители со седиште во Јорк и користеше волна од мртви животни, воден од етичките принципи на модата утре. Создадени парчиња за на одмор, во кои доминираат морнарски јакни со испечатени слики на Нелсон и флота бродови./М.М.